Втора година по ред, неофицијалното светско клупско првенство, ИХФ Супер глоуб, ќе се одржи во Саудиска Арабија, а првпат ќе брои шеснаесет екипи.
Четири тима во секоја од четирите групи ќе се борат за елиминациските натпревари.Европските тимови, кои се главни фаворити за трофејот, се избегнаа во фазата по групи и може да се сретнат дури во четврт-финалето.
Група А: Магдебург (Германија), Сиднеј (Австралија), Ал Kалеј (Саудиска Арабија).
Група Б: Бенфика (Португалија), Ал Ахли (Египет), Ал Мудар (Саудиска Арабија).
Група Ц: Киелце (Полска), Ал Кувајт (Кувајт), Таубате (Бразил).
Група Д: Барселона (Шпанија), Есперанца (Тунис), Монтереј (Мексико).
Турнирот Супер глоуб ќе се игра од 8 до 13 октомври, во Дамам (Саудиска Арабија). Титулата од минатата сезона ја брани германскиот првак Магдебург.