Македонските кадетски репрезентативци се враќаат на обврските на Светското првенство во Хрватска.
Момците на Раде Стојановиќ не пренесуваат ниту еден бод во главната групна фаза, а ќе играат со две силни европски селекции.
Главна групна фаза:
7 август – 17:30 – Македонија – Данска
8 август – 17-30 – Македонија – Австрија
Најдобрите две селекции од оваа новоформирана група (Македонија, Норвешка, Австрија и Данска) ќе се пласираат во елиминационата фаза.