Со последните натпревари од мартовската ЕХФ недела, веќе се познати сите парови во вториот бараж за пласман на Светското првенство 2023.
Најголем добитник после првиот круг бараж дуели е селекцијата на Белгија. Белгијците ја елиминираа Словачка во овој прв двомеч, а вториот нема да го играат и тие се веќе пласирани на Мундијалот.
На Белгијците им одеше во прилог тоа што Русија која требаше да биде нивни противник во вториот бараж е исфрлена од натпреварувањата.
Освен Русија, и Белорусија со одлука на ЕХФ и ИХФ е исклучена од понатамошни натпреварувања.
Македонија како што е познато по победата во двомечот со Романија ја чека Чешка. Првиот меч меѓу Македонија и Чешка се игра во Злин на 13 април во 20:15 часот, а реваншот во Скопје на 16 или 17 април.
СИТЕ ПАРОВИ ЗА ВТОРИОТ БАРАЖ
Чешка – Македонија
Германија – Ф.Острови
Финска – Хрватска
Исланд – Австрија
Израел – Унгарија
Грција – Црна Гора
Португалија – Холандија
Словенија – Србија
Белгија – пласирана на СП поради дисквалификација на Русија