Дејан Манасков беше прво име во редовите на македонската репрезентација во пресврт победата против Чешка во реваншот од квалификациите за пласман на Светското првенство 2017 година.
Пред шест години Чесите ни стоеја на патот до место на светскиот собир. Поразот од шест гола на гостински терен беше надополнет со фантастично издание во Скопје и победа од седум гола разлика (34-27). Левото крило на Македонија запиша единаесет погодоци, а со осум го следеше Кирил Лазаров. За жал вечерва Манасков нема да биде дел од националниот тим, поради повредата од која се опоравува.
Чешката репрезентација е свесна дека ја очекува пеколна атмосфера. Навивачите сигурно ќе придонесат македонските репрезентативци да се издигнат и да прослават уште еден голем успех, а тоа е настап на Мундијалот кој наредната година ќе го организираат Шведска и Полска.
Натпреварот започнува во 19:00 часот, а резултатот од првиот меч во Злин гласи 24-24.