среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Прогласени најдобрите на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп

Прогласени најдобрите на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп

Организаторите на меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешкоски“, на свеченото затворање ги објавија најдобрите екипи и ракометари на овогодинешното издание кое по осми пат се одржа во Прилеп.

Трофејот од турнирот ѝ припадна на екипата на Дубочица од Лесковац, од која доаѓа и најдобриот стрелец, Горан Ристовиќ.

Признанието за најкорисен и најдобар ракометар на турнирот оди кај Божидар Илиески од екипата на Мулти Есенс, а за надобар голман беше прогласен Иван Ангелески од РК Прилеп.