Ракометарите на Пролет ја забележаа и втората победа од стартот од плејофот, триумфирајќи на гостувањето против Еурофарм Пелистер 2 во Битола со резултат 21-23.
Во главна улога беше голманот Петар Ангелов, кој со две клучни одбрани во последните две минути ја осигура победата на скопскиот клуб.
Давор Палевски со осум гола беше прв стрелец на Пролет, четири постигна Пејовиќ, додека во редовите на Пелистер 2 најефикасни беа Павле Атанасијевиќ со шест и Талевски со пет погодоци.