понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Пролет сигурен против Голден Арт

Пролет сигурен против Голден Арт

Ракометниот клуб Голден Арт во новата сезона во Суперлигата стартуваше со пораз од Пролет со 23-27 во рамки на Групата Б.

Во релативно изедначеното прво полувреме во малата сала „Јане Сандански“, гостите од населбата Мичурин заминаа на пауза со водство од 13-14.

Избраниците на тренерот Лембанов го контролираа водството во второто полувреме со од 2 до 4 голови разлика. Голден Арт се обидуваше да се врати, но искуството си го направи своето, па Пролет ја отвори сезоната со победа од 23-27.

Репрезентативецот Томислав Јагуриновски со шест голови беше најефикасен кај Пролет, додека во редовите на Голден Арт најмногу се истакнаа Ивица Илиев и Мице Шилегов исто така со по шест голови.