недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Пронајдени исчезнатите ракометари од Бурунди

Пронајдени исчезнатите ракометари од Бурунди

Хрватската полиција во текот информираше дека меѓу десетте малолетници од Бурунди, кои побарале азил во Белгија, има двајца ракометни репрезентативци кои исчезнаа за време на СП во Хрватска.

Постојат сомневања дека и останатите осум се оние од десетмината што исчезнаа за време на кадетскиот Мундијал.

Десетмина кадетски репрезентативци играа во Хрватска на СП, а пред натпреварот меѓу Бурунди и Бахреин од разигрувањето за пласман на 9 август исчезнаа од студентскиот кампус каде беа сместени и оттогаш им се загуби секаква трага.