четврток, 29. февруари 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Прв пораз за македонските ракометари во квалификациите за ЕП 2024

Прв пораз за македонските ракометари во квалификациите за ЕП 2024

Македонската ракометна репрезентација вечерва загуби од Португалија со 23:29 (11:14 полувреме).

Поразот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ за избраниците на селекторот Кирил Лазаров е прв во квалификациската Група-1 за пласман на Европското првенство 2024.

Гостите од Португалија во Скопје дојдоа како фаворити и ја оправдаа таа улога, иако и „црвено-жолтите“ имаа свои моменти па и водство со 20:19 на петнаесетина минути пред крајот.

Најефикасни во македонскиот национален тим беа Филип Кузмановски и Мартин Серафимов.

Двете репрезентации в недела во Порто ќе го одиграат уште еден натпревар.

Португалците се први на табелата со максимални шест бода, Македонците имаат четири на втората позиција, Турција е трета со два бода, последен е Луксембург без освоен бод.