недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Прва победа за ракометните кадети на СП во Хрватска, Црна Гора на колена

Прва победа за ракометните кадети на СП во Хрватска, Црна Гора на колена

Македонската У19 ракометна репрезентација ја забележа првата победа на Светското првенство што се одржува во Хрватска, откако вечерва убедливо славеа над Црна Гора со 29-20.

Натпреварот започна добро за нашите надежи. Поведовме со два гола разлика и во текот на целото прво полувреме игравме егал или со мала предност. На полувремето македонската репрезентација имаше предност од два гола разлика (10-12).

Почетокот на вториот дел донесе уште поцврста игра на младите избраници на селекторот Раде Стојановиќ. Македонија продолжи во силен ритам и ја создаде најголемата разлика во тој момент (12-17), а подоцна имавме 13-18 и 14-19.

Црногорците се чинеше дека полека го губеа здивот и немаа премногу шанси да се вратат во мечот. Нашите момци сфатија дека можат да стигнат до убедлива победа и продолжија да го полнат голот на противникот. Опасноста доаѓаше од повеќе страни, а најрасположени за игра беа Белистојановски, Шулевски и Стојановски.

Пред крајот Црна Гора веќе комплетно се „распадна“, а конечниот резултат гласеше преубедливи 29-20 за Македонија и нашите момци го забележаа првиот триумф кој може да им ја отвори вратата за евентуално изненадување и прогрес во следната фаза.

Тимската игра го красеше нашиот тим, а најефикасни во големата победа на Македонија беа Стојановски, Димковски, Шулески, Белистојановски и Ристевски, сите со по три гола зад своето име.

Следен противник на младите македонски ракометари ќе биде репрезентацијатра на Грузија.