понеделник, 8. април 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Првиот човек на Киелце: Не знам дали на Карачиќ му значи овој дрес!

Првиот човек на Киелце: Не знам дали на Карачиќ му значи овој дрес!

Полскиот ракометен гигант, Киелце, имаше сезона за заборав. Откако пред една години ги реши финансиските проблеми и сигурно зачекори кон новите предизвици, тимот потфрли во Лигата на шампионите и забележа елиминација уште во осминафиналната фаза.

Првиот човек на полскиот шампион, Бертус Сервас, за „Спортове факти“ го даде своето мислење за одредени ракометари, а негова мета беше и поранешниот вардарец, Игор Карачиќ.

„Игор имаше одличен старт, потоа следуваше повреда и тој не беше истиот ракометар кога се врати на терените. Сакам да видам дали навистина му значи тоа да го носи овој дрес“, рече Сервас.

Договорот на хрватскиот репрезентативец со Киелце истакува во јуни 2022 година, а со оглед на фактот што раководството на тимот е во потрага по нов среден бек, тамошните медиуми шпекулираат дека Карачиќ нема да добие продолжување на соработката.