петок, 12. јануари 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Рајн Некар се засили со бек од Гепинген

Рајн Некар се засили со бек од Гепинген

Eден од најдобрите ракометари во Гепинген, десниот бек Јон Андерсен од следната сезона ќе настапува во екипата на Рајн Некар.

Данецот, кој настапува на позицијата десен бек, од 2021 година го носи дресот на Гепинген, а во бундеслигашот пристигна од редовите на Сондерјиске.

25-годишниот ракометар во досегашниот тек од неговиот престој во Гепинген има одиграни 43 натпревари во Бундес лигата и постигнато 130 голови.