Македонската машка ракометна репрезентацијата во четврток ќе ја дознае групата во која ќе настапи на Европското првенство кое во 2022 година ќе се одржи во Унгарија и Словачка.
Селекцијата на Македонија која обезбеди пласман на континенталниот собир како второпласирана во квалификационата група се најде во третиот шешир заедно со домаќинот Словачка, Белорусија, Исланд, Чешка и Франција .
Шешир 1: Шпанија, Хрватска, Норвешка, Словенија, Германија, Португалија
Шешир 2: Шведска, Унгарија, Русија, Данска, Србија, Австрија
Шешир 3: Словачка, Белорусија, Исланд, Чешка, Франција, Македонија
Шешир 4: Холандија, Црна Гора, Украина, Полска, БиХ, Литванија