среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Ракометарите со две различни земји ќе се подготвуваат пред ЕП

Ракометарите со две различни земји ќе се подготвуваат пред ЕП

Македонската машка сениорска ракометна репрезентација на ден 22 декември ги започнува припремните активности за настап на претстојното Европското првенство.

Собирот ќе се одржи во хотел „Александар Палас“ во Скопје, а веднаш потоа македонската репрезентација со организиран превоз ќе замине за Маврово каде ќе биде одработен првиот дел од подготовките.

За време на припремниот период пред настапот на Европското првенство, нашите избраници ќе одиграат пријателски контролни натпревари со соодветните репрезентации на Кувајт и Израел.

Натпреварите со Кувајт ќе бидат одиграни во рамки на првиот дел од припремиот период во Маврово на 27 и 29 декември, додека контролните натпревари со репрезентацијата на Израел ќе бидат одиграни во Скопје во на3 и 4 јануари.

Селекторот Лазаров денес го напрви првиот рез и подготовките за континенталниот собир ќе ги започне со 24 ракометари во неговиот список.

Македонија своите настапи на ЕП ќе ги започне на 13 јануари против Словенија, а во групната фаза ќе се судри уште со Црна Гора и Данска.