петок, 9. февруари 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Ракометарите со моќна претстава против Турција

Ракометарите со моќна претстава против Турција

Maкедонската ракометна репрезентација денес забележа уште една победа во квалификациите за Европското првенство откако после Луксембург, денес ја совладавме и Турција со 27:36.

Македонија тргна моќно, со цврста одбрана и ефикасен напад. Турците цели 13 минтуи не успеваа да го најдат патот до нашата мрежа, а ние во тој период отворивме со неверојатни 0:9. На крајот се покажа дека токму тоа беа минутите во кои ние го решивме прашањето на победникот.

Во продолжение успешно ја одржувавме оваа предност со која и заминавме на полувреме (8:17), иако имавме и +10. Тие +10 беа и највисоката предност во натпреварот.

Во вториот дел Лазаров имаше можност како и против Луксембург да испроба нешто ново. Се што направи Турција е да се доближи до -6 на неколку пати, сепак се забележуваше дека нашите момци го имаат под контрола натпреварот и резултатот.

Талески беше најефикасен кај нас со седум голови, Дејан Манасков постигна пет, а четири додаде Томислав ЈагуриновскиНикола Митревски натпреварот го заврши седум одбрани или 50 отсто одбранети удари.