петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Ракометарките ја совладаа Литванија и се пред пласман на ЕП 2024 година

Ракометарките ја совладаа Литванија и се пред пласман на ЕП 2024 година

Женската ракометна репрезентација на Македонија направи голем чекор до ново учество на континенталните собири откако денеска во 2. коло славеше на гостувањето кај Литванија со 28-31.

Како и во мечот во Скопје против Азербејџан, така и на гостувањето во Литванија нашите ракометарки стартуваа со негатива од 1-0. Во следниот период се играше гол за гол, а по пет минути игра резултатот на семафорот изнесуваше 4-4.

Нашите технички грешки, Литванија успешно ги користеше, па и по десет минути игра резултатот на семафорот беше нерешен (7-7).

Мицевска конечно влезе во серија на одбрани, што нејзините соиграчки го искористија на најдобар можен начин за во 14. минута за првпат да стигнат до плус два (8-10). Во следниот период нашите ракометарки ја задржаа оваа предност па по дваесет минути игра на семафорот стоеше резултатот (11-13).

Македонија конечно заигра како што треба во одбраната, па во 24. минута со погодокот на Саздовска за првпат стигнавме до плус три (12-15), а во 28. минута за првпат беше и плус четири (13-17). До крајот нашите девојки направија две грешки во напад, кои Литванките ги искористија и на полувреме заминаа со само минус два 15-17.