Во рамки на ЕХФ неделата женската ракометна репрезентација ќе одиграа две контролни средби против селекцијата на Турција во Анкара, а натпреварите се предвидени да се одиграат на 02.03 и 04.03.2023 година.
Натпреварите ќе ги играме денес од 17:00 часот и во сабота во истиот термин. Поради повреда на списокот не се Симона Маџовска и Елена Ѓоргиевска, а од составот кој играше на Европското првенство недостасуваат уште: Матеа Чурлиновска, Марија Јовановска, Емилијана Ризоска, Анастасија Николовска, Ива Божиновска и Леонида Гичевска.