Македонската женска ракометна репрезентација одигра извонредни 40 минути во Скопје пред неколку дена, но одлично се носеше и денеска на гостувањето кај Норвешка во кое одново пресуди квалитетот и искуството во второто полувреме.
Во едно егал прво полувреме, избраничките на Савевски се изборија за реми и 14:14 на паузата, но Македонија едноставно не можеше да го одржи тоа темпо и потклекна во продолжението.
Фаворитките брзо стигнаа до плус четири на средина на второто полувреме и најавија дека се решени да оставрат нова победа, кој на крајот ја осигураа со конечни 32:27.
Новак со девет погодоци беше нерешлива енигма за нашата одбрана, додека во нашиот тим во офанзивен поглед се истакнаа Дабевска со пет гола, односно Јанеска, Ристовска и Гичевска кои постигнаа по четири погодоци.