Женската ракометна репрезентација на Македонија загуби од актуелниот европски и светски шампион, Норвешка со 24-18 во меч од рамките на ЕХФ Евро купот кој се играше во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.
Македонија беше рамноправен противник на Норвешка во најголемиот дел од мечот. Имавме реми 14-14 кога противникот поради поширокиот ростер на квалитетни ракометарки почна да се одлепува. До крајот на мечот тие направија серија од 8-2 и победија со 22-16.
Јована Саздовска со шест голови беше наша најефикасна ракометарка, Јанеска постигна четири, а Сара Ристовска три. Одлична беше нашата голманка Мицевска која одбрани 14 пати.
Македонија во недела со почеток од 16 часот гостува кај Норвешка во последниот меч од групата. Норвежанките се на првото место со десет бодови, ние сме последни без бодови.