Трет пораз од трет натпревар за македонските ракометарки на Медитеранските игри во Алжир, овојпат загубија од Португалија со 19-17.
Македонија загуби во еден тврд натпревар со малку голови во кој клучно беше првото полувреме кое го добија Португалките со 13-11. Во вториот дел ја задржаа предноста и дојдоа до триумф од 19-17.
Ова беше трет пораз на Македонија. Ни останува уште само мечот за седмото место за кое ќе играме против некој од Тунис или Алжир.