Денеска во првиот пријателски натпревар против Норвешка Б кој беше од затворен тип македонската женска сениорска репрезентација загуби со 27:26.
По првите 30 минути избраничките на селекторот Љубомир Савевски имаа убава предност од три голови разлика (17:14).
Но, не успеаја да ја задржат позитивата, противникот направи целосен пресврт дојде до триумфот во последните секунди.
Савевски им даде шанса за настап и на помладите ракометарки кои беа дел од Светското првенство во Скопје, а сега го носат и сениорскиот дрес.
Вториот контролен меч помеѓу овие две селекции во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје ќе биде в сабота (1 октомври, 16.00 часот), а како што најави РФМ влезот ќе биде слободен за сите љубители на ракометот и спортот.