Од следната сезона во ракометната Бундес лига ќе се користи видео проверка на спорни ситуации на натпреварите.
Раководството на најсилната ракометна конкуренција на последниот состанок реши дека праксата од европските купови и репрезентативните натпреварувања ќе ја има и во Германија.
Судиите ќе можат да побараат видео проверка за некоја ситуација, за која нема да бидат сигурни во својата одлука.
Своето „деби“ во Германија, ВАР системот ќе го има на Суперкуп дуелот меѓу Рајн Некар Левен и Кил на 23 август во Диселдорф.