петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Ракометниот Супер Куп ќе се игра на 6 септември

Ракометниот Супер Куп ќе се игра на 6 септември

Нов дуел од македонското ракометно вечно дерби Вардар – Еурофарм Пелистер треба да има на 6 септември, и тоа како дел од ракометниот Супер Куп.

Вардар и Еурофарм Пелистер во септември треба да го играат и нивниот меѓусебен дуел од групата во Супер лигата. Тој меч првично беше закажан за 8 или 9 септември, но клубовите го одложија за една недела и би требало да играат на 16 септември во Скопје.

Пред да го играат мечот од Супер купот, екипата на Вардар ќе одигра и два натпрревари против Рајн Некар од квалифкациите за Лига Европа. Еурофарм Пелистер пак ќе настапи на „Турнирот на пријателство“ во Истанбул. Тое турнир со учесници од СЕХА лигата, а во полуфиналето битолчани ќе се сретнат со Веспрем.