четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Расистички тајм-аут на Лино Червар: Тие се црнци, а играат попаметно од нас! (ВИДЕО)

Расистички тајм-аут на Лино Червар: Тие се црнци, а играат попаметно од нас! (ВИДЕО)

Поранешниот селектор на македонската ракометна репрезентација и моментно предводник на Хрватска, Лино Червар, направи неверојатен расистички испад за време на денешниот пријателски натпревар против Катар.

Хрватите одиграа пријателски меч против Катар во Пореч, а селекторот Червар беше незадоволен од перформансите на своите избраници во првото полувреме и повика тајм-аут во кој на скандалозен начин им објасни на ракометарите како играат.

Престанете да играме селјачки ракомет. Тие се црнци, а играат попаметно од нас …, започна Червар, со што ги шокираше сите гледачи кои го слушнаа тоа.

Инаку, Хрватска славеше на овој меч со 33-28.