петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

РАСПРОДАДЕНО! Нема повеќе карти за утрешниот спектакл Македонија – Чешка

РАСПРОДАДЕНО! Нема повеќе карти за утрешниот спектакл Македонија – Чешка

Во недела со почеток од 19:00 часот во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ ќе се игра реванш натпреварот од баражот за пласман на Светското првенство во 2023 година помеѓу репрезентациите на Македонија и Чешка.

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) потврди дека нема повеќе карти за мечот вo недела, односно се очекува околу 7.000 гледачи да присуствуваат на трибините.

-Ве известуваме дека влезниците за квалификацискиот натпревар (17.04.2022 – недела) во 19 ч. во Спортски Центар „Борис Трајковски“, за пласман на СП 2023 ПОЛ/ШВЕ помеѓу македонската сениорска репрезентација и репрезентацијата на Чешка се распродадени и воедно Ви благодариме на интересот и подршката.

На денот на натпреварот вратите од Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ ќе бидат отворени од 17:30 до 18:35 часот, натпреварот започнува во 19:00 часот.

Ги замолуваме сите љубители на ракометот кои имаат обезбедено влезници за претстојниот натпревар, да дојдат навремено и заеднички да дадеме максимална поддршка на македонската ракометна репрезентација, информираат од РФМ.