Недим Ремили, францускиот десен бек кој неодамна пристигна од ПСЖ инсистира на трансфер во Веспрем.
Унгарскиот гигант веќе ги договори личните услови со ракометарот но проблем претставува тоа што Киелце инсистира на отштета од еден милион евра.
И додека клубовите преговараат за отштетата, Ремили одби да тренира со остатокот од тимот во последните денови, поради што нема да настапи ниту на наредниот меч од ЛШ против Кил.
„Не сакам да коментирам додека се преговара за трансфер, тоа е се што можам да кажам околу Ремили. Среќен сум што во тимот имам други ракометари од највисока класа кои се максимално посветени на Киелце“, изјави тренерот Талант Душебајев.