петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Репрезентацијата им се враќа на тренинзите во Скопје

Репрезентацијата им се враќа на тренинзите во Скопје

Првиот ден во новата година е и прв работен ден за машката ракометна репрезентација на Македонија. По завршувањето на мини-подготовките во Маврово и двете пријателски средби против Црна Гора, селекторот Лазаров им даде два слободни дена на ракомегарите.

Попладнево во комплетен состав, со Никола Митревски и Филип Кузмановски, репрезентацијата ќе се собере во Скопје. Секојдневно ќе тренира во главниот град во текот на следната недела, а во вторник ќе го одигра ревијалниот натпревар против ветераните.

Според однапред изготвената програма од среда база на националниот тим ќе биде Пореч, каде следат генералните пред Светското првенство.

Македонија ќе настапи на „Кроација Куп“ и на 6 и7 јануари ќе се соочи со домаќинот Хрватска и Израел.