Женската ракометна репрезентација на Македонија во ракомет на плажа замина за Португалија, каде почнува со настапи на Европското првенство.
Девојките предводени од селекторот Златко Мојсоски ги очекуваат првите возбудувања во рамките на групата „Б“ каде за ривали ги имаме домашната селекција на Португалија, како и репрезентациите на Холандија и Украина.
Првиот меч за нашите девојки го играат против селекцијата на Украина во 11 часот, а подоцна во текот на денот ќе го одиграме и вториот меч во групата против Холандија.
Во четврток ќе го имаме и последниот меч од 3. коло против домаќинот на првенството, Португалија.