среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

РФМ ги исплати премиите за сениорите и младинците

РФМ ги исплати премиите за сениорите и младинците

Ракометната Федерација на Македонија ги исплати премиите на сениорите и младинците за остварените успеси во изминатиов период.

Најдобрата машка ракометна репрезентација обезбеди место на Европското првенство во 2024 година, резултат за кој тимот ќе добие 2.000.000,00 денари.

Да потсетиме избраниците на Лазаров завршија второ во квалификациската група зад Португалија, а пред Луксембург и Турција.

Кадетската селекција пак го освои 9. место на Светското првенство и наградата за тоа изнесува 1.000.000,00 денари.

Машката кадетска ракометна репрезентација по прикажаните одлични настапи на СП 2023, веќе следната година ги очекува учество на Европското првенство 2024 за ракометари до 20 години.