петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

РФМ ќе ги награди кадетите со 1 милион денари за 9-то место на СП во Хрватска

РФМ ќе ги награди кадетите со 1 милион денари за 9-то место на СП во Хрватска

Ракометната федерација на Македонија, донесе одлука да додели награда од 1 милион денари за машката кадетска ракометна репрезентација, за освоеното 9. место на Мундијалот во Хрватска.

„Управниот Одбор на РФМ одреди парична награда во вкупна вредност од 1.000.000,00 денари за машката кадетска ракометна репрезентација (стручен штаб и ракометари родени 2004 и помлади), за освојување на 9-тото место на 2023 IHF Men’s Youth World Championship MU19 во Хрватска“, стои во соопштението на РФМ.

Во исто време РФМ го одреди и терминот за одржување на редовно собрание на федерацијата.

„Управниот Одбор донесе Одлука за одржување на редовно собрание на ден 02.09.2023 година со почеток во 11:30 часот, во просториите на Град Скопје.