понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Ристовски: Да ја дочекаме Германија поспремни

Ристовски: Да ја дочекаме Германија поспремни

Потајно знаевме дека овој натпревар ќе биде потежок од оној со Словенија затоа што носи дополнителен протисок, со победа не’ носеше во втор круг со два пренесени бода што е огромен резултат за нашата репрезентација, изјави голманот Борко Ристовски по вечерашната победа на нашите момци против репрезентацијата на Црна Гора.

-Прв пат во историјата стартуваме со два бода ако ја завршиме вака групната фаза. Притисокот го направи своето, но одигравме добро. Во еден момент го имавме натпреварот во свои раце, но имаме резерви сите,  воопшто не е важно кој и како играл, важно дека репрезентацијата победува. Важно е дека собираме победи и бодови и треба сите заедно да се радуваме. Дозволете да уживаме во втората по ред победа и да ја дочекаме Германија што е можно поспремни, рече тој.

Огромен мотив за нив е многубројната македонска публика, фалангата, која од трибините во Хрватска ги бодри нашите ракометни херои.

-Луѓето дојдоа тука, буквално ни ја даваат цела поддршка што можат да ни ја дадат. Без нив ќе беше многу потешко, им благодарам. Заедно навивавме, заедно се бодревме. Кога не ни одеше тие ни помогнаа да се вратиме. Конечно сме една симпатична репрезентација во која сите даваме свој придонес. Со новиот селектор коцките се редат полека, полека. Се уште е рано, ова е само почеток на ЕП. Не сме сите во топ-форма, но важно е да победуваме, да се радуваме и да уживаме со публиката и цела Македонија која ни дава поддршка, рече Ристовски.