четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

РК Алкалоид ги пушти во продажба билетите за европското деби

РК Алкалоид ги пушти во продажба билетите за европското деби

Екипата на РК Алкалоид ги пушти во продажба билетите за својот прв европски натпревар во кој ќе играат против Војводина од Србија. Натпреварот се игра во рамките од Европската лига на ЕХФ во вторник (17.10) од 20:45 часот.

Цената на влезниците за дуелот кој ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје изнесува 100 и 150 денари. Блоковите 1, 2, 9 и 10 се по цена од 100 денари, додека, пак, билетите за блоковите 3, 4, 7, 8, 11, 12, 15 и 16 чинат 150 денари.