понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

РК Алкалоид ги започна подготовките во Маврово

РК Алкалоид ги започна подготовките во Маврово

Ракометниот тим на Алкалоид ја започна втората фаза од подготовките за претстојната сезона. Тимот на Кирил Лазаров се пресели во Маврово каде ќе се подготвува во наредните десет дена.

Акцент ќе биде ставен на подобрување на физичката подготвеност, а потоа Алкалоид ќе започне и со играње контролни натпревари.

Предвидено е да настапи на турнирот во Струга од 16 до 20 август, а потоа Алкалоид ќе замине на завршни подготовки во Хрватска, каде што ќе одигра серија контролни натпревари.