сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

РК Алкалоид и РК Вардар ќе се борат за трофејот на турнирот во Струга

РК Алкалоид и РК Вардар ќе се борат за трофејот на турнирот во Струга

Традиционалниот струшки ракометен турнир полека се ближи кон завршниот натпреварувачки ден, а во битката за трофејот ќе се сретнат македонските суперлигаши Вардар и Алкалоид.

„Црвено-црните“ го совладаа шведски Гуиф со 28:26 и на тој начин први го заверија пласманот во финалето и можноста да се борат за трофејот во Струга.

Петриќ со 7 погодоци беше најефикасен во редовите на Вардар на оваа средба, по која неговиот тим ќе се бори за 14. трофеј на струшкиот турнир.

Во вториот решавачки натпревар одигран во другата група, Алкалоид славеше над грчки АЕК со 26:23, со што ќе се обиде првпат да слави на турнирот со долга традиција.

Серафимов со 5 погодоци беше најефикасен во редовите на победничката екипа на оваа средба.