сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

РК Алкалоид и РК Вардар остварија рутински победи во првенството

РК Алкалоид и РК Вардар остварија рутински победи во првенството

Ракометарите на Алкалоид и Вардар остварија сигурни победи на натпреварите од македонската машка ракометна Супер лига, обезбедувајќи ги очекуваните бодови во новата рунда.

Совладани се Струга, односно Вардар Неготино, со што и двата тима остануваат со перфектен скор во своите групи.

Алкалоид не успеа да направи предност во првиот дел против Струга (13:13), но затоа вториот дел донесе целосно поинаков тек на настаните, а избраниците на Кире Лазаров славеа со убедливи 38:18.

Џонов и Кофилоски со по 5 погодоци биле најефикасни во победничката екипа, додека кај Струга ист ефект имаа Бошњак и Тренчевски.

Вардар пак ја најави убедливата победа против Вардар Неготино уште во првиот дел (17:9), за до крајот да стигне до резултат 35:19 за очекувана победа во домашниот шампионат.

Николиќ и Ќосевски со по 6 гола биле најефикасни во редовите на скопските „црвено-црни“.