вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

РК Алкалоид лесно против Аеродром

РК Алкалоид лесно против Аеродром

Избраниците на Кирил Лазаров славеа против Аеродром со убедливи 30-44 во последниот меч од денешната програма во Супер-лигата.

Џонов беше стрелец на десет гола, Петковски имаше осум, додека Дамјан Митев беше стрелец на седум гола. Стефан Бошковски беше најдобриот стрелец од игра со шест гола, додека Костов постигна седум од кои пет од седмерец.