вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

РК Алкалоид убедлив на стартот на новата сезона во Суперлигата

РК Алкалоид убедлив на стартот на новата сезона во Суперлигата

Ракометарите на Алкалоид со сигурна партија ја отворија новата сезона во најсилната домашна конкуренција-Супер лигата.

Актуелниот ракометен вицешампион го надигра составот на РК Скопје 2020 со 40:21. Разликата во квалитет е голема и тоа се виде уште по првиот дел во кој избраниците на Кирил Лазаров се стекнаа со двоцифрена предност од 23-11.

Второто полувреме беше чиста рутина, завршување на веќе започнатата работа на фаворитот на оваа средба.

Најефикасен играч кај победникот беше новото засилување Бинго со шест гола, додека по пет дадоа Младеновиќ, Серафимов, Кофиловски и Петковски. На спротивната страна се истакна Киселовски со шест реализации.

.