четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

РК Пролет со книга по повод 60-годишнината од клупското постоење

РК Пролет со книга по повод 60-годишнината од клупското постоење

Ракометниот клуб Тинекс Пролет в понеделник ќе ја промовира книгата „60 Години РК Пролет“, посветена на досегашното успешно непрекинато функционирање на овој спортски колектив, напишана од дел од новинарскиот тим на ЕКИПА.мк.

Во неа е искажан убав историски осврт, за почетоците на ракометната игра во Македонија, создавањето на Пролет, битките што се водени на територијата на Југославија, како и предизвиците и успесите на клубот во поновата историја, вклучувајќи ги и неколкуте авантури на Тинекс Пролет во европските натпреварувања.

Меѓу останатото, посебен простор е издвоен за „Дванаесетте величествени“, големи играчи кои настапувале или се уште настапуваат за РК Пролет, потоа за женскиот клуб на Пролет, како и за гордоста на РК Пролет – верните навивачи кои со децении наназад се заштитен знак на клубот.

Промоцијата на книгата „60 Години РК Пролет“ ќе се одржи в понеделник со почеток во 12 часот во “Лиса Центар“, населба Ново Лисиче.