петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

РК Тиквеш го сруши Кремс во „Јасмин“

РК Тиквеш го сруши Кремс во „Јасмин“

Ракометарите на Тиквеш издвојуваа победа над Кремс од 33:29 во првата средба од Европскиот Куп.

Во фантастична атмосфера во салата „Јасмин“ во Кавадарци, домашните ракометари остварија триумф кој можеше да биде и повисок, но и овие плус четири се резултат кој многу значи и ги отвара вратите за пласман во наредната рунда.

Избраниците на Матлиески покажаа големо срце, борбеност и со таква ангажираност, посветеност сигурно ќе дојдат до посакуваниот резулат и во реваншот во Австрија закажан за 21 октомври.

Домаќините првот дел го решија со 19-16, во второто полувреме водеа и со седум разлика, но гостите имаа подобар финиш и се изборија за далеку поприфатлива негатива.

Ани со 10 и Симиќ со 7 голови беа најефикасни кај македонскиот претставник кој по 13 години се радуваше на европска победа.