петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

РК Вардар ангажираше млад и талентиран голман

РК Вардар ангажираше млад и талентиран голман

Младиот и надежен голман Дамјан Стојковски (16) потпиша договор со клубот и ќе брани за младите категории, но ќе биде и дел од сениорскиот тим.

Тој е веќе со тимот на Вардар на турнирот во Струга и добива шанса да го покаже својот талент.

Стојковски работи со првиот тим заедно со Александар Рогановиќ кој веќе даде многу позитивно коментари за Стојковски и му предвидува добра кариера ако продолжи да работи напорно како и досега.

Вардар сезонава ќе ги има сите младински категории и сите се пријавени во системот на РФМ. Покрај задолжителните пионерски категории, Вардар ќе има и кадетска и младинска генерација