сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

РК Вардар ја почна сезоната со победа над Бутел

РК Вардар ја почна сезоната со победа над Бутел

РК Вардар го совлада Бутел со 24:21 (10:8) во првото коло од ракометната Суперлига, откако беа во водство во поголемиот дел од мечот.

Иако конечниот резултат не изгледа убедлив, Вардар водеше со гол-два во текот на првото полувреме, за во второто со добра серија да ја направат најголемата разлика од 16:9.

Срдановиќ со осум гола беше најефикасен кај Вардар, додека по три дадоа Ѓукиќ и Лазаревски, а кај Бутел најдобар беше Јефтиќ со шест гола. Големата пресметка со Пелистер на програмата е во сабота.

Фото: РК Вардар