петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

РК Вардар останува без Кубанецот Моралес

РК Вардар останува без Кубанецот Моралес

Еден од најдобрите ракометари на РК Вардар Јоел Куни Моралес заминува од македонскиот ракометен шампион.

Искусниот бек е подготвен да ја заврши приказната со македонскиот првак и по крајот на сезоната да се пресели во редовите на ППД Загреб.

Ова е информацијата која ја пренесе хрватскиот медиум „24 Сата“ кој информираше дека Кубанецот оди во редовите на популарните „плинира“, тим во кој веќе има неколку поранешни ракометари на Вардар како Тимур Дибиров, Иван Чупиќ и Стефан Додиќ.