петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

РК Вардар потпиша соработка со „Универзитет Скопје“

РК Вардар потпиша соработка со „Универзитет Скопје“

Извршниот директор на двократниот европски шампион РК Вардар 1961, Борко Ристовски и ректорот на Универзитет Скопје, проф. д-р Аце Миленковски потпишаа Меморандум за соработка.

За таа цел, Универзитет Скопје ќе додели 15 целосни стипендии за упис на додипломски студии во академската 2023/2024 година.

РК Вардар 1961 и Универзитетот Скопје делат исти вредности, а тоа е развој на спортот во нашата држава.

“Продолжуваме да го поддржуваме спортот во Македонија. Продолжуваме без запирање да вложуваме во здрава младина за доброто на татковината!” – изјави проф. д-р Аце Миленковски.