понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Сармиенто ќе игра во Полска

Сармиенто ќе игра во Полска

Средниот бек Даниел Сармиент, кој на крајот на изминатата сезона реши да се повлече од ракометот, сепак, мораше да го одложи пензионирањето поради примамливата понуда од полскиот вицешампион Висла Плоцк, која го ангажираше за новата сезона, пренесува „Радио Плоцк ФМ“.

Екс репрезентативецот на Шпанија во редовите на Висла Плоцк, која е предводена од Хавиер Сабате, ќе биде замена за повредените ракометари Герго Фазекаш и Нико Миндегиа. Двајцата споменати ракометари ќе отсуствуваат подолг временски период, па така раководството на Висла Плоцк реши да го ангажира Сармиенто.

Искусниот ракометар потекнува од составот на Галдар, играше за Алмерија, а седум сезони го носеше дресот на каталонскиот гигант Барселона, односно Сен Рафаел од Франција.