Најдобрата македонска женска ракометна репрезентација ќе одигра две средби против селекцијата на Турција во рамките на ЕХФ неделата.
Истите се закажани за 2 и 4 март во Анкара, а за истите селекторот Љубомир Савевски се реши да повика 18 ракометарки. Најголем дел се од домашното првенство, односно само шест се интернационалки и тоа Мицевска, Саздовска, Ристовска, Петковска, Кипријановска и Дабевска.
Првиот собир е закажан за 27 феваруари во хотелот Александар Палас во Скопје.