Селекторот Љубомир Саваски денеска ја направи прозивката на ракометарките кои се најдоа на неговиот список за двата дуели со Словенија.
Од списокот поради повреда и болест отпаднаа Марија Штериова и Марија Јовановска, а ново име е Матеа Чурлиновска.
Дуелите против Словенија како и оние против Црна Гора кои ги одигравме претходн, се добра можност за помладите избранички на Савсвски да стекнат поголемо искуство, а воедно репрезентацијата да се воигра за следното ЕП што догодина ќе биде органицирано токлму во овие три земји (Македонија, Црна Гора и Словенија).
Во рамките на ова натпреварување е актуелниот европски шампион селекцијата на Норвешка. Првиот меч Македонија и Словенија ќе го играат во четврток во Цеље (18 часот), а реваншот е во Скопје во недела (18:30 часот).