Женската ракометна репрезентација на Македонија ја очекува бараж двомечот против Украина за пласман на Светското првенство кое на крајот на годинава ќе се одигра во Данска, Норвешка и Шведска.
Дуелите со Украина се закажани за 8 и 11 април, а на првичниот список на селекторот Љубомир Савевски се најдоа 35 ракометарки.
Најголемиот дел се од домашното првенство, односно на листата имаме „само“ 12 интернационалки. Средбите се играат во Скопје и Кишварда.