Македонската репрезентација за ракометарки до 18 години ја оствари примарната цел на СП во Скопје, која беше и задолжителна – пласман во главната фаза – но сега ќе дојдат вистинските испити за нашиот квалитет.
Играме против Шведска и со Исланд, а селекторот Љубомир Савевски пред неатпреварите со скандинавските земји изјави.
„Резултатот е поголем од квалитетот кој го покажавме. Уште не играме како што сакаме и онака како што тренираме. Меѓутоа, нашата одбрана денеска функционираше подобро од вчера. Сега треба да се фокусираме на тоа да го дадеме најдоброто од нас на следниот натпревар, против Шведска“, вели Савевски.