Ракометната федерација на Македонија (РФМ) соопшти попладнево дека 66-годишниот стратег Љубомир Савевски веќе не е селектор на женската сениорска ракометна репрезентација.
Двете страни, како што е соопштено, „заемно се спогодија да ја прекинат соработката околу ангажманот на женските ракометни категории“.
Савевски беше назначен за селектор и координатор на националните селекции во женска конкуренција во летото 2021 2021 година.
Прекинот на соработката доаѓа еден месец по неуспехот на македонската сениорска женска ракометна репрезентација да избори пласман на Светското првенство, по двата порази во мундијалскиот бараж од Украина (22-24, 22-31). (МИА)