Ракометниот клуб Колштад ќе се обиде да ги собере на едно место најдобрите од норвешкиот ракомет.
Неколку имиња веќе се контактирани. Најзвучно од нив е Сандер Сагосен, кој моментално ја игра втората од трите планирани сезони во редовите на Кил.
Покрај него, контакт е остварен и со норвешките репрезентативци Магнус Абелвик Рад и Магнус Гулеруд. На тренерската позиција планирано е да се доведе селекторот на Норвешка, Кристијан Берге. Покрај Норвежани, проектот ќе вклучи и неколку исландски интернационалци.